Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо, изјави дека би сакал Лионел Меси и Кристијано Роналдо повторно да се сретнат во натпревар од Примера пред двајцата да ја завршат својата кариера.
Иако малку се зборува за враќање на 38. годишниот Роналдо во Примера, Серезо смета дека за овие две големи ѕвезди би било од корист еден ден да се вратат во Шпанија.
„Би било фантастично доколку Меси се врати во Лигата, истото важи и за Кристијано Роналдо. Двајцата се уште играат и би било фантастично доколку се вратат“, рече шефот на Атлетико за време на состанокот со претседателот на Барселона, Жоан Лапорте, пред неделниот натпревар меѓу нивните два тима.
Меси постојано се поврзуван со враќање во редовите на Каталонците, каде што помина 21 година пред да замине во Пари Сен Жермен како слободен играч во август 2021 година.
Договорот на Аргентинецот со Парижаните истекува во јули и се уште не е обновен.
🔴⚪️ Las palabras del presidente del @Atleti, Enrique Cerezo, antes de la comida de directivas en el Godó
🔝"Carrasco es muy buen jugador. En el fútbol hay quien quiere cosas y no lo consiguen"
👨🏼⚖️"Hay que estudiar el caso del Barça y que la justicia decida"
📹 @A_SeguraJ pic.twitter.com/awVvpjMgjr
— Radio MARCA (@RadioMARCA) April 23, 2023