Top Sport

ПСЖ почнале преговори со Брозовиќ, Њукасл испратиле понуда од 35 милиони евра

Марцело Брозовиќ (30), во летниот преоден рок би можел да го напушти Интер. За заминувањето на хрватскиот репрезентативец од Интер се пишуваше и во текот на зимскиот преоден рок, тогаш се поврзуваше со трансфер во Барселона.

Пред неколку недели шпанските и иатлијанските медиуми објавија дека Интер и Барселона подготвуваат размена, Брозовиќ за Франк Кеси. Двајцата имаат слична вредност на фудбалскиот пазар и слична годишна плата, што оваа трампа ја прави возможна.

Сепак работите во реалноста се поинакви. Два клуба во моментов сериозно се заинтересирани за Брозовоиќ, тоа се ПСЖ и Њукасл.

Според „Трансфермаркт“, тој вреди 28 милиони евра, а неговиот договор со Интер е до летото 2026 година.

Њукасл наводно веќе понудиле 35 милиони евра за Брозовиќ, додека а ПСЖ веќе ги започнале преговорите со неговиот менаџер.

Њукасл е на сензационалното трето место во Премиер лигата, а доколку го задржи, следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Во Брозовиќ гледа играч кој би можел да го подобри составот за учество во елитно натпреварување.

Да потсетиме, Њукасл сакаше да го ангажира Брозовиќ во 2021 година, кога тој го продолжи договорот со Интер и кога англискиот клуб доби нови сопственици.

Scroll to Top