Македонскиот репрезентативец Јован Манев, сега член на турскиот суперлигаш Адана Демирспор, не го заборава својот клуб.
Двата дена слободни од активностите во Адана, Манев ги искористи за одмор дома, и сега посета на својот поранешен клуб Брегалница каде ја доби најголемата своја фудбалска афирмација. Своето едноставно не се заборава…
Манев денеска ги посети поранешните соиграчи од Брегалница, следејќи го и тренингот на тимот на Градскиот стадион во Штип. Се разбира, и посакувајќи успех на утрешниот натпревар од 29. коло во Првата македонска фудбалска лига против Шкупи во Чаир.