Top Sport

Маунт и Џејмс го пропуштаат остатокот од сезоната

Привремениот тренер на Челзи, Френк Лампард откри дека Рис Џејмс и Мејсон Маунт најверојатно ќе го пропуштат остатокот од сезоната.

„Рис Џејмс не е подготвен за овој натпревар (Брентфорд) и веројатно нема да биде подготвен за остатокот од сезоната. Рис има повреда на тетивата што ја доби на натпреварот во Мадрид, тој го издржа натпреварот, но прегледите што му беа извршени покажаа дека долго време ќе биде отсутен од тимот“, рече Лампард.

Фудбалерите на Челзи вечерва го пречекуваат тимот на Брентфорд, во натпреварот од 33. коло на Премиер лигата.

Лондонскиот клуб претрпе четири порази во исто толку натпревари од доаѓањето на Лампард на клупата. Во моментов Челзи се наоѓа на 11. место на табелата во Премиер лигата со 39 бодови.

Лампард рече дека Каи Хаверц се уште се бори со повреда на коленото, но се очекува да се врати на тренинзите на почетокот на следната недела, додека Маунт сигурно ќе отсутвува до крајот на сезоната.

„За жал ситуацијата со Мејсон е иста како онаа со Рис, иако можеби ќе се врати на нашиот последен натпревар од сезоната, но тоа не е сигурно“, додаде Лампард.

Натпреварот помеѓу Челзи и Брентфорд се игра вечерва од 20.45 часот.

Scroll to Top