Top Sport

Има 15 години и ја елиминираше финалистката на Ју-ес Опен во 2021 година

Петнаесетгодишната руска тенисерка Мира Андрејева направи големо изненадување на стартот на Мастерсот во Мадрид.

Талентираната тенисерка родена во Краснојарск за само еден час и 17 минути ја елиминира Канаѓанката Лејла Фернандес, моментално 49. на ВТА листата, со 6:4, 6:3.

Андрејева пристигна во шпанската престолнина како 194. на ВТА листата, но и со серија од 11 последователни триумфи, односно две освоени титули на ИТФ турнирите.

Руската тинејџерка еднаш го одзеде сервисот на финалистката на Ју-ес Опен во 2021 година во првиот гем, а уште двапати во вториот за водство од 5:1, па брејкот претрпен во осмиот гем не и наштети.

Русинката, која доби специјална покана од организаторите, во второто коло ќе се сретне со 14. тенисерка во светот, Бразилката Бетриз Хадад Маја.

Scroll to Top