Лука Божиќ,кошаркаот на Задар е прогласен за најкорисен играч во АБА лигата за сезоната 2022/23.
Хрватскиот кошаркар доби дури 79 отсто од вкупните гласови на тренерите, новинарите и навивачите и со тоа сосема заслужено си ја однесе престижната награда.
Зад себе ги остави плејмејкерот на Црвена звезда Факунда Кампацо кој доби 12,3 отсто од гласовите и центарот на Партизан, Матиас Лесор (7,1 отсто).
Важно е да се истакне дека Божиќ доби најмногу гласови во во изборот на тренерите, навивачите и новинарите.
Божиќ летово се врати во Задар и беше убедливо најдобриот играч на тимот што успеа да избори пласман во Топ 8 од регионалното натпреварување. Тој имаше просек од 22 поени, 9,8 скока и 6,4 асистенции за индекс од 32,6.
Тој е првиот МВП од хрватски клуб по Лука Жориќ, кој тоа го направи во сезоната 2017/18 во дресот на Цибона.