Пари Сен-Жермен потврдија дека Нејмар се врати во Париз, каде што ќе го продолжи опоравувањето од сериозната повреда на скочниот зглоб, но тоа не ги намали шпекулациите во француските медиуми за неговата иднина на „Паркот на принцовите“.
31-годишниот Бразилец се повреди за време на мечот со Лил на 19 февруари, по што мораше да оди на операција. Тој потоа доби дозвола да се врати во Бразил, каде што имаше време да го посети својот стар клуб, Сантос, а сега ќе работи со медицинскиот тим на ПСЖ.
„Нејмар се врати во тренинг-центарот каде што со членовите на медицинскиот тим на Пари Сен-Жермен и со хирурзите кои го оперираа денеска му беше отстранета заштитната чизма“, потврдија од ПСЖ.
Нејмар, најскапиот фудбалер во историјата на спортот, има договор со Париз до 2025 година, но шпекулациите велат дека тој е блиску до трансфер во Премиерлигата, со Челси и Манчестер јунајтед како заинтересирани клубови.
📌 Medical statement – Neymar Jr.@Aspetar
🔗 https://t.co/flQqzOK0nL pic.twitter.com/Gn06dKCPm5
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) April 27, 2023