Top Sport

Стресот е голем – Тухел почна да губи нерви на тренинг на Баерн

Работите очигледно не одат според посакуваното во Баерн Минхен под нивниот нов тренер Томас Тухел. По елиминацијата во Лигата на шампионите и во Купот на Германија и губењето на првото место во Бундеслигата, Тухел денеска ги загубил нервите на тренингот на тимот, кршејќи еднo столбче за тренинг во знак на фрустрација.

Според „Билд“, кои први ги објавија фотографиите, 49-годишниот Тухел бил лут од однесувањето на неговите фудбалери на такаречениот дијамантски мал терен, каде што се работело на скратени корнери. По неколку обиди да го поправи движењето на напаѓачите, тој ги загубил нервите.

Scroll to Top