Top Sport

Партизан победи по прекинот во Мадрид, Егзум заврши со скината тетива!

Партизан на Жељко Обрадовиќ продолжува со сензационалната игра и во плејофот на Евролигата, стигнувајќи до 95:80 победа на гости кај Реал Мадрид во меч кој за жал беше одбележан со масовната тепачка на играчите на 1:40 пред крајот, по која Данте Егзум остана со посериозна повреда на тетивата.

По еден фаул на Серхио Љуљ над Кевин Пантер, тој ги загуби нервите и влезе во конфликт, по што се вмеша и Данте Егзум, кој налета на Јабуселе и најмногу настрада. Судиите долго размислуваа кого да казнат за инциденетот, пред на крајот да решат  мечот предвреме да заврши бидејќи немаше доволно играчи за да се доврши мечот.

Партизан почнаа со неверојатна 11:0 серија, постигнувајќи дури 31 поени во првите 10 минути, за на полувреме да имаат 14 поени предност. „Кралевите“ се обидоа да се вратат на -5 благодарение на Руди Фернандез и Чако Родригез, но потоа Нанали и Пантер пак ја вратија предноста на „црно-белите“.

Сега, посебно заграни од финишот на мечот, Партизан ќе имаат шанса во два меча во „Штарк арената“ да го обезбедат првиот Фајнал фор по 13 години. Третиот меч се игра на 2 мај, а четвртиот, ако биде потребен, на 4 мај. Според српските медиуми, УФЦ-потегот на Јабуселе го остави Егзум со сериозна повреда на тетивата.

ЕВРОЛИГА, ПЛЕЈОФ
(1:1) Монако – Макаби Тел Авив 86:74 (22:18, 20:23, 25:13, 19:20)
(0:2) Реал Мадрид – Партизан 80:95 (21:31, 16:20, 25:24, 18:20)

Scroll to Top