По мизерното прво полувреме, во кое губеа со 0:2, Тотенхем се вратија за 2:2 реми со Манчестер јунајтед во меч во кој навивачите побараа оставка од претседателот Даниел Леви, а гостите повторно дозволија да не слават по доминантно прво полувреме, слично како фијаското против Севилја во Лига Европа.
Џејдон Санчо со прекрасен удар уште во седмата минута ги донесе Јунајтед во водство, а Маркус Рашфорд во 44. минута зголеми на 0:2 во полувреме во кое гостите имаа доминација на теренот.
Но, откако не ги искористија своите шанси, Тотенхем покажа многу подобра игра во второто полувреме и заслужено дојде до поен. Педро Поро во 56. минута намали на 1:2, пред во 79. минута Хери Кејн да му асистира на Сон Хеунг-Мин за 2:2. Јунајтед остануваат четврти со 60 поени, додека Тотенхем се петти со 54 поени израмнети со Астон вила во борба за место кое води во Лигата на шампиони.