Top Sport

Не оди без Антиќ, Црвена звезда поразена од Бамберг

Кошаркарите на Црвена звезда загубија од Бросе Бамберг 69:75 во премиерниот натпревар од петтото коло во Евролигата.

Играчите на Црвена звезда целиот меч го одиграа во контра ритам, со многу пропусти во одбраната, а на моменти делуваа како да немаат доволно енергија. Германскиот првак мечот практично го реши во првата четвртина во која акумулира 12 поени предност, а во 11 минута Бамберг имаше максимални 15 разлика (18:33).

Иако во второто полувреме Црвена звезда неколку пати се доближи на пет разлика негатива, а во финишот се доближи и на 67:71, со нерезонски решенија во нападот му помогна на противникот да ја одбрани предноста.

Во играта на српскиот шампион се почувствува неиграњето на Перо Антиќ, особено во првиот дел, кога високите играчи на Бамберг доминираа во рекетот.

Рубит со 15, Хикмен со 12 и Радошевиќ со 11 поени го предводеа Бамберг до третата победа, додека кај Црвена звезда која го забележа третиот пораз единствени на потребното ниво беа Рочести со 22 поени и Лесор со 14 поени и 9 скока.

Scroll to Top