Кошаркарите на Бостон Селтикс се пласираа во полуфиналето од плеј-офот на Источната конференција, откако синоќа ја победија Атланта со 120:128. Со овој триумф, Бостон стигна до 4:2 во победи и во следната рунда ќе игра против Филаделфија 76.
На три минути пред крајот, Атланта водеше со 113:110, но потоа гостите направија низа од 11:0 и стигнаа до предност од 113:121. До крајот и успеаја да ја сочуваат предноста и да слават конечен триумф.
Џејлен Браун со 32 поени и Џејсон Татум со 30 поени беа предводници на победничкиот тим на Бостон, додека Тре Јанг постигна 30 поени кај Атланта.