Top Sport

Чави го пофали тинејџерот Јамал, тој е иднината на Барселона

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез беше пресреќен од однесувањето на „бестрашниот“ Ламин Јамал при 4:0 победата над Реал Бетис, меч во кој 15-годишниот талент стана најмладиот играч во историјата на каталонскиот тим кој дебитирал за првиот тим.

Барса викендот го завршува со 11 поени водство пред Реал Мадрид во Ла лига, со што им се потребни само уште седум поени да ја запечатат првата лигашка титула од 2019 година, но мечот беше одбележан од Јамал, кој со 15 години и 290 дена влезе во историјата на клубот како уште еден фудбалер произлезен од славната академија на тимот, „Ла масија“.

„Му кажав да излезе на теренот и да се обиде со повеќе работи и тој го направи тоа. Се работи за посебно момче. Можеше да даде гол, а имаше и асистенција. Има огромно самодоверба, нема страв и е многу талентиран. Далеку е позрел од неговите 15 години и е целосно подготвен да игра за првиот тим“, вели Чави.

Scroll to Top