Top Sport

Де Ѕерби по 6:0 победата: Не сум имал подобар меч во кариерата

Италијанскиот тренер Роберто де Ѕерби постојано ја зголемува својата репутација на одличен модерен тренер, а по 6:0 победата на неговите Брајтон над Вулверхемптон изјави дека тоа му е најдобриот меч во кариерата.

Поранешниот тренер на Беневенто, Сасуоло и Шахтјор Доњецк го презеде Брајтон на 18 септември 2022, кога Греем Потер потпиша со Челси и додека Англичанецот веќе доби отказ од Челси, Де Ѕерби ги воодушеви англиските фудбалски фанови со својот стил на игра, со пласман во полуфиналето на ФА купот и со прекрасен напаѓачки фудбал.

„Не сум имал подобар меч во кариерата како тренер. Навикнат сум да гледам високо ниво на фудбал во Премиерлигата, но мислам дека во моментов и ние играме на посебно високо ниво. Моите момци се научија да играат 90 минути против било кој тим без да мислат на резултатот. Ако водиме со 3:0, тоа не треба да смени ништо во нашата игра. Тоа е менталитетот кој го барам од нив“, вели Де Ѕерби.

Scroll to Top