Машката ракометна репрезентација на Македонија со победа (30:27) против Турција ги заокружи квалифицикациите и го завери пласманот на ново големо натпреварување, Европското првенство во Германија кое ќе се игра на почетокот на следната година. И покрај тоа што не одиграа совршен меч, ракометарите му подарија победа за збогум на Гоце Георгиевски, крилото кое долги години го носеше дресот на националниот тим, а вечерва се прости од настапите во репрезентацијата.
Тој заврши на рацете на соиграчите и доби овации од публиката.
Емоциите се измешани, затоа што остана горчина поради повредата на Филип Кузмановски, кој на носилки беше изнесен од теренот уште во првото полувреме. Сите се надеваат дека сепак повредата нема да биде сериозна.
Фото: Игор Паневски/Топспорт.мк