По три порази едноподруго во Серија А, Јувентус ја продолжи лошата серија резултати, одигрувајќи само 1:1 на гости кај Болоња во меч во кој повторно утнаа пенал.
Рикардо Орсолини ги донесе домаќините во водство во 10. минута, а „старата дама“ доби шанса за израмнување во 31. минута, кога беше досуден пенал за нив, но Аркадијуш Милик беше непрецизен. Полскиот напаѓач се „оправда“ во 61. минута, конечно, израмнувајќи, но до крајот на мечот не успаја да стигнат до победа.
Јувентус останува на третото место на табелата со 60 поени, еден поен зад Лацио и три пред Интер, Милан и Рома во израмнетата борба за место кое води во ЛШ, додека Болоња е на осмото место со 45 поени.