Top Sport

Шокираниот Де Лаурентис пред време го напуштил мечот со Салернитана

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис во шок го напуштил стадионот „Диего Армандо Марадона“, пред крајот на натпреварот со Салернитана кој заврши нерешено 1:1.

Фудбалерите на Наполи во неделата имаа можност математички да го обезбедат своето прво Скудето по 33 години, но не успеаја откако освоија само еден бод против Салернитана.

Наполи имаше водство од 62.минута со голот на Оливера, израмни позајмениот играч од Виљареал, Булаи Диа во 84.минута.

Според италијанските медиуми, целата ситуација го шокирала претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис, кој не го дочекал крајот на натпреварот.

Наводно, Де Лаурентис не бил разочаран, туку бил изненаден бидејќи неговиот тим важеше за фаворит, а многу навивачи веќе имаа подготвена прослава по мечот, која очигледно ќе треба да се почека.

Наполи сега ќе треба да го чека четврток кога треба да гостува во Удинезе. Доколку Наполи победи ќе ја прослави третата титула во клупската историја.

Scroll to Top