Фудбалерите на Арсенал во вторник од 21 часот ќе го пречекаат Челзи. Ова е исклучително значаен дуел за двата тима, Арсеналс ака да остане во трката со Манчестер сити за шампионската титула, а Челси да ја прекина серијата од пет порази под водство на Френк Лампард.
Менаџерот, на Арсенал, Микел Артета смета дека се уште ништо не е готово. и покрај тоа што Манчестер сити ја презеде првата позиција на табелата.
„Мораме да се соочиме со фактот дека има уште работа до крајот на сезоната. Мора да бидеме скромни, да ги препознаеме нашите слабости и да работиме на нив“, изјави Артета.
Шпанскиот стручњак смета дека трката за титулата се уште не е завршена.
„Исто така, имаме многу квалитети на кои треба да работиме. Во изминатите десет месеци знаевме како да ги искористиме. Факт е дека трката за титулата повеќе не е само во наши раце. Сепак, мораме да дадеме максимум, останатото зависи од Сити“, изјави Артета.