Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо има намера да го напушти Ал-Наср и да се врати во Мадрид, пренесува „Ел Насионал“. Тој тешко се прилагодува на новата средина и култура на Саудиска Арабија, а исто така не го знае јазикот.
Роналдо има намера да се врати во градот во кој помина девет години како дел од Реал Мадрид, а од „кралскиот клуб“ добил понуда повторно да се приклучи, но не како играч, туку како функционер.
Претседателот Флорентино Перез е подготвен да му понуди на Роналдо враќање во клубот како амбасадор или на Португалецот да му понуди позиција во спортскиот менаџмент на клубот. Сепак, тоа значи дека Роналдо треба да донесе одлука да стави крај на активната фудбалска кариера.
Кристијано Роналдо му се приклучи на Ал-Наср претходно оваа година. Неговиот договор со клубот е до 2025 година.
38-годишниот фудбалер оваа сезона одигра 12 натпревару во Саудиска Арабија, постигнувајќи 12 гола и две асистенции.