Лестер и Евертон имаа жесток дуел во еден од директните дуели за опстанок во Премиерлигата и на крајот ремизираа 2:2. Лестер е за нијанса над опасната зона со 30 бода, додека Евертон со еден бод помалку е меѓу загрозените екипи за испаѓање од елитата.
Доминик Калверт-Луин во 15.минута донесе водство за гостите, а Чаглар Сојунчу и Џејми Варди се погрижија за пресврт уште во првиот дел. Згора на тоа, Џек Медисон не реализира пенал, откако Џордан Пикфорд го одбрани неговиот удар.
Евертон сепак израмни во второто полувреме со голот на Алекс Ајвоби во 54.минута од мечот.