Кошаркарите на Денвер Нагетс славеа против Феникс Санс со 97-87, во полуфиналната серија во Западната конференција. Нагетс го одбранија домашниот терен и поведоа во серијата со 2:0.
Никола Јокиќ ги предводеше Нагетс до победата. Актуелниот МВП натпреварот го заврши со 39 поени, 16 скока, пет асистенции, две украдени топки и една блокада. Јокиќ 26 поени постигна во второто полувреме. Во вториот дел тој сам го носеше тимот, бидејќи Џамал Марај во вториот дел погоди само еден од 11 шутеви од поле.
Мареј во второто полувреме погоди само една тројка, која беше клучна за триумфот на Нагетс. На 44 секунди до крајот Мареј забележа 3+1.
Во поразениот тим најефикасни беа Девин Букер со 35 и Кевин Дурент со 24 поени. Проблем за Феникс пред третиот меч е повредата на Крис Пол, кој одигра само 25 минути.
Серијата сега се сели во Аризона, за четири дена на програмата е третиот натпревар.