Top Sport

Барселона две години нема постигнато гол од слободен удар

Верувале или не на денешен ден пред две години Барселона го постигна последниот гол директно од слободен удар. Оттогаш, Барселона имаше 41 обид од слободен удар, последен кој погоди е Лионел Меси.

„Иако Барселона има многу одлични шутери, не постои играч кој може да се смета за специјалист за слободни удари. Сепак, 11 од нив неуспешно се обидоа да постигнат гол”, пишува „Марка“, со потсетување дека последниот гол за Барса од слободен удар го постигна Меси при победата од 3:1 на гостувањето кај Валенсија на 2 мај 2021 година.

„Од тогаш ништо, а се одиграни 104 натпревари“, пишува „Марка“ и открива дека Рафиња се обидел најмногу да постигне гол од слободен удар (9 обиди). Депај (8), Левандовски (6), Феран Торес (4), Ансу Фати (3), Дембеле, Кутињо и Џорди Алба (2), Пике и Маркос Алонсо (1).

Меси како играч на Барселона шутирал 591 слободен удар, постигнал 50 гола.

Scroll to Top