Привремениот менаџер на Челзи, Френк Лампард смета дека честите тренерски смени тренерот не може да му донесе ништо добро на тимот. Откри дека свесно ја прифатил привремената улога на тренер до крајот на сезоната и дека Челзи мора сериозно да размисли кого ќе донесе на оваа функција следната сезона.
„Дали Челзи треба да чека да го најде вистинскиот менаџер? Апсолутно треба да го направи тоа“, изјави Лампард, а потоа додаде дека поради лошите резултати неговиот клуб не ги привлекува големите тренерски имиња.
Лампард во својата брилијантан кариера како фудбалер освои три шампионски титули во Премиер лигата, но смета дека можел да освои повеќе, доколку тогашниот газда не имал трпение со тренерите.
„Бев дел од Челзи и редовно се менуваа тренерите. Освоив три титули, но требаше да имам пет или шест. Го имам тоа чувство. Можеби ќе освојевме повеќе доколку бевме поконстантни и да одевме во една насока. Чувствувам дека требаше да го направиме тоа, изјави Лампард.