Top Sport

Автомобилската ергела на Меси вреди 480 милиони фунти, во гаражата има ѕвер од 28 милиони фунти

Во јавноста не е познат како некој што има страст кон спортските автомобили, но еден од најдобрите фудбалери во историјата, Лионел Меси, во гаражата има неколку атрактивни возила. Англиските медуми објавија дека неговата колекција на спортски автомобили вреди 480 милиони фунти.

„Сан“, објави дека најскапиот автомобил што Меси го има во својата гаража е „Ferrari 335 S Spider Scaglietti“, кој чини неверојатни 28 милиони фунти.

Аргентинецот го купил овој автомобил на аукција, на која според шпекулациите во наддавањето го победил Кристијано Роналдо.

Покрај тоа, Меси е сопственик на „Pagani Zonda Roadster“, кој е еден од најскапите и најбрзите автомобили во светот.

Овој автомобил не смее да се вози во сообраќај, а може да се вози само на тркачки патеки. Меси стана сопственик на овој автомобил пред неколку години, а чини околу четири милиони фунти.

Автомобилот кој Меси најчесто го користи е „Mercedes AMG GLE 63 S Coupe“. Меси и неговата сопруга Антонела најмногу го користат овој теренец бидејќи е најпрактичен за нивното семејство.

Овој Мерцедес обично чини околу 113.000 фунти.

Scroll to Top