Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски постигна гол првенец за Пјуник оваа сезона во првенството на Ерменија. Тој беше стрелец на четвртиот гол за неговиот тим во победата над Ширак од 0:4.
Пјуник по 30 кола се наоѓа на второто место на табелата со 67 бода, три помалку од лидерот Урарту.
Играчот за врска влезе во игра во второто полувреме и успеа да погоди во судиското продолжение од мечот.