Реал Мадрид практично им ја подари титулата во шпанската Ла лига на ривалите од Барселона, откако на гостувањето кај Реал Сосиедад загубија со 2:0 во меч во кој им „подарија“ гол и добија црвен картон. Трите поени, пак, го носат баскискиот клуб на чекор од пласман во топ 4 и во Лигата на шампиони.
По победата на Барселона од 1:0 над Осасуна, каталонскиот клуб има 14 поени предност на пет кола пред крајот на сезоната, што значи дека може да го прослават трофејот на градското дерби со Еспањол на 14 мај.
Работите тргнаа на лошо за тимот на Карло Анчелоти во 47. минута, кога Едер Милитао направи неверојатна грешка и му асистираше на Такефуса Кубо, кој лесно го совлада Тибо Куртоа. Потоа беше ред на Дани Карвахал да се „изглупира“, кога доби два жолти картони за помалку од 10 минути за од 61. минута „кралевите“ да играат со 10 играчи. Младиот Андер Баренечеа во 85. минута ги потврди трите поени за Сосиедад.
Militão'dan Kubo'ya muazzam bir asist. pic.twitter.com/Rg2DME00LI
— Sinem (@Fenerliina) May 2, 2023