Португалскиот репрезентативец, Гонзало Гуедеш, се врати во Валенсија, откако клубот од „Месталја“, го откупи неговиот договор од ПСЖ.
Талентираниот, 21-годишен фудбалер, кој минатата сезона како позајмен играч играше за Валенсија, стана најскапото засилување во историјата на Валенсија. Клубот на ПСЖ му плати 40 милиони евра.
Гуедеш кариерата ја започнал во Бенфика, а во јануари 2017 година се пресели во ПСЖ за сума од 30 милиони евра. Откако не доби шанса да се докаже во Париз, тој минатата сезона замина во Валенсија.
Португалецот е десеттото засилување за Валенсија ова лето.
Инаку, екипата на Марселино Торал, лошо ја започна сезоната и по првите две кола успеа да освои само еден бод.