Досeгашниот тренер на МЗТ Скопје Аеродром, Драган Николиќ, по заминувањето од клубот почувствува потреба да се збогува со луѓето со кои најблиску соработуваше изминативе месеци, како и со навивачите, преку официјалниот сајт на клубот.
„По изречената казна, единствено рационално решение беше договорен прекин на соработката. Патиштата ни се разидоа, но останува мојата голема почит и благодарност за луѓето со кои најблиску соработував изминатиот период, како градоначалникот на општина Аеродром, извршниот директор на клубот, луѓето од стручниот штаб, кошаркарите и луѓето вработени во клупската канцеларија. Посебно ги издвојувам навивачите, на кои им посакувам во најскоро време да ја дочекаат и да ја прослават нашата десетта шампионска титула“, изјави Николиќ.
Тој доби суспензија на десет натпревари од КФСМ поради инцидентот на натпреварот со Кожув, а потоа следеше и експресна разделба со клубот.