Top Sport

Барселона со победа во Литванија прва влезе на Фајнал фор турнирот

Барселона ќе се врати во Литванија да игра кошарка, но како дел од Фајнал фор турнирот, откако во третиот меч на гости го победија Жалгирис со 77:66 за да ја добијат четврт-финалната серија од Евролигата со 3:0.

Предводени од литванскиот тренер Шарунас Јаскевичиус, каталонскиот клуб ја презеде контролата на мечот во третата четвртина, за на крајот да стигнат до лесна победа и први да бидат меѓу најдобрите четири во европската кошаркарска елита.

Иако пропуштија рано водство од 10 поени предност, сепак, каталонскиот тим беше сигурен благодарение на чешкото дуо Томаш Саторански (28 поени) и Јан Весели (14 поени), а во третата четвртина Саторански заедно со Мајк Тоби комбинираа за 19 поени.

ЕВРОЛИГА, 1/4 ФИНАЛЕ
(0:3) Жалгирис – Барселона 66:77 (10:13, 16:16, 22:32, 18:16)

Scroll to Top