Лука Модриќ е под знак прашалник за двата најважни натпревари за Реал оваа сезона, финалето во Купот на Кралот против Осасуна и првиот полуфинален меч во Лигата на шампионите против Манчестер Сити.
Модриќ има проблем со повредата на препоната. Тој веќе ги пропушти дуелите со Алмерија и Реал Сосиедад во Примера.
Хрватот бил на третман во Белград кај познатата докторка Мирјана Ковачевиќ. Сепак, „Марка“ пишува дека овој пат српската чудотворка не успеала.
„Мали се шансите Модриќ да се појави во финалето на Купот. Едвај учествуваше на тренингот по поразот од Реал Сосиедад. Финалето на Купот се игра за само два дена, а настапот на Модриќ е под знак прашалник“, пишува „Марка“.
Доколку Модриќ не игра, целта ќе биде да биде подготвен за првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите против Манчестер Сити.