Битката за шампионската титула во ракометното првенство е закажана за в сабота во Битола, со почеток во 19 часот. Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 ќе имаат жесток дуел, а еуфоријата го достигнува максимумот.
Билетите кои Пелистер денеска ги пушти во продажба, беа распродадени експресно, или поточно за 17. минути. Салата „Боро Чурлевски“ ќе биде исполнета до последно место.