Граѓаните на Белград продолжуваат да палат свеќи за жртвите од вчерашниот масакр, а во црквата Свети Сава почна молитвата за загинатите во страотното злосторство што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“.
Една од жртвите е ќерката на познатиот српски одбојкарски тренер Драган Кобиљски. Тој дојде во училиштето заедно со сопругата која беше обземена од болка и носеше цвеќе во раката.
Фотографот на порталот „Телеграф“ го снимил потресниот момент кога таткото го залепи некрологот од својата ќерка на вратата од училиштето.
Кобиљски моментно работи во одбојкарскиот клуб Залау во Романија, а веднаш по добивањето на тажната вест се упати кон Белград.