Италијанскиот фудбалер Армандо Ицо ќе мора да одлежи пет години затвор, откако е обвинет за местење натпревари. Процесот траеше речиси седум години, а се чини дека заврши многу неповолно за него. Тој синоќа го одигра целиот натпревар за Монца во ремито 1:1 против Рома во Серија А.
Ицо, играч на Торино кој е позајмен во Монца, е осуден на пет години затвор за учество во спортска измама иницирана од Камора, озлогласена италијанска криминална организација.
Наводно, Ицо бил дел од измамата додека го носел дресот на Авелино, на дуелот против Модена во Серија Б одигран во март 2014 година.
Во април 2017 година, Ицо беше суспендиран од фудбалот на 18 месеци, а подоцна таа казна беше намалена на половина година.