Наполи по 33 години ја освои шампионската титула во Серија А и во градот под Везув е вистинска еуфорија. Првата ноќ по освојувањето на „скудетото“ беше неверојатна, сите беа излезени на улиците на градот, а сега фокусот се насочува кон манекенката Рафаела Фико, која пред неколку месеци вети дека ќе изведе стриптиз и ќе се појави топлес доколку „наполитанците“ ја освојат титулата.
Сега „скудетото“ е веќе во Неапол, а поранешната девојка на Марио Балотели, со кој ја има и ќерката Пиа, ќе треба да го исполни ветувањето. Фановите на Наполи се нестрпливи, со оглед дека Рафаела е една од најпознатите манекенки од југот на Италија.