Фудбалерите на Ливерпул славеа победа на „Енфилд“ против Брентфорд со минимален резултат (1:0), во натпреварот од 35. коло на Премиер лигата.
Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 13. минута, а стрелец беше Мохамед Салах, по асистенција на Вирџил ван Дајк.
На Египќанецот не му беше тешко да ја внесе топката во мрежата од гол-линијата, по одличната комбинација на Фабињо и Ван Дајк.
Салах стана првиот играч во историјата на Ливерпул кој постигнал гол на девет последователни натпревари во сите натпреварувања. Воедно ова беше негов 100. гол за Ливерпул на „Енфилд“.
„Црвените“ и понатаму се петти со 62 бода, еден помалку од Манчестер Јунајтед кој има одиграно два меча помалку. Брентфорд по две последователни победи забележа пораз и сега е деветти со 50 бода.
Во Ливерпул попладнево немаше многу шанси, а својот ден дефинитивно немаше и Коди Гакпо кој пропушти две чисти шанси во вториот дел.
Ливерпул во следното коло гостува кај Лестер, додека Брентфорд ќе го пречека Вест Хем.