Top Sport

(Видео) Рагбисти во Франција бегаа од бесен бик

Необична сцена е видена на рагби натпревар во градот Перпињан на југот на Франција.
Во петокот, рагбистите на Каталан Драгонс беа домаќини на тимот на Сент Хеленс од Англија, во натпревар од Супер лигата.

Трите големи бикови беа дел од церемонијата пред почетокот на натпреварот, со која домаќините сакаа да ги почестат гостите, но и да го „слават квалитетот на говедското месо во овој регион“, што беше идеја на претседателот на домашниот тим, Бернард Гуаче.

Сепак, еден бик се оттргна од чуварот за време на загревањето на играчите и истрча директно на теренот.

Бикот го влечел несреќниот човек по теренот, додека кај играчите владеела вистинска паника.

Играчите беа во паника и се случи вистинско стампедо меѓу нив, се обидуваа да побегнат од теренот додека разбеснетиот бик трчаше на сите страни.

За среќа, бикот застана на работ од теренот, а потоа луѓето од организацијата успеаја да го смират.

Се заврши добро, немаше повредени, а натпреварот се одржа според планираното.

Домаќините славеа со 24:12 во реприза на финалето во 2021 година.

Scroll to Top