Новиот италијански прволигаш, Монца успеа да остане непоразен и во Торино, одигрувајќи 1:1 со „биковите“ за сигурен пласман во средината на табелата за тимот во сопственост на експремиерот на Италија, Силвио Берлускони.
Торино стигнаа до водство на самиот почеток на второто полувреме, кога Антонио Санабрија стрелаше по асистенцијата на Никола Влашиќ, но гостите успеаја да останат непоразени откако Џанлука Капрари погоди во 86. минута од мечот.
Монца сега е на деветтото место на табелата со 46 поени, колку што имаат и Торино на десеттото место, но со послаба гол-разлика.