Top Sport

Ким Мин-Џеј има клаузула од 45 милиони, Јунајтед даваат 60 милиони!

Манчестер јунајтед веќе имаат подготвено понуда од 60 милиони евра за дефанзивецот на Наполи, Ким Мин-Џеј, тврди италијанскиот „Кориере дело спорт“.

Корејскиот репрезенативец имаше одлична сезона со новокрунисаните италијански шампиони, откако претходно предизвика големо внимание и на Светското првенство во Катар.

Според италијанските медиуми, Ким има клаузула од 45 милиони евра во својот договор која може да ја активираат од 1 до 15 јули, но „ѓаволите“ во обид да ги победат сите заинтересирани се подготвени да понудат повеќе од оваа сума, со што ќе ги убедат Наполи први да преговараат со нив.

Scroll to Top