Александер Лаказет постигна гол од пенал во 99. минута за да го комплетира неверојатниот камбек на Лион за 5:4 победа над Монпелје, иако домаќините губеа со 1:4 по еден час игра.
Лаказет ги донесе Лион во водство во 31. минута од мечот, но домаќините потоа доживеаја вистински колапс. Елје Вахи успеа да им даде четири гола на домаќините – прво два гола во една минута (40. и 41. минута), во 53. минута од пенал и во 55. минута за 1:4
Лаказет во 59. минута намали на 2:4, Дејан Ловрен во 70. минута им даде надеж дека е можен камбек, за Лаказет и по третпат да биде стрелец во 82. минута за израмнување. На крајот, поранешниот напаѓач на Арсенал во 99. минута беше прецизен од белата точка во еден од најлудите мечеви оваа сезона.