Австралиецот Ник Кирјос се повлече од првото коло на Мастерсот во Шангај против Американецот Стив Џонсон, откако го загуби првиот сет во тај-брејк, по што се правдаше дека имал стомачен вирус.
22-годишниот Кирјос играше во финалето на Кина опен во Пекинг, но и покрај тоа што немаше забележителни проблеми на теренот, реши да се повлече по загубениот тај-брејк. Австралиецот имаше 13 аса во 58-те минути на теренот.
Откако Џонсон со ас го освои тај-брејкот во првиот сет, Кирјос веднаш отиде и се ракуваше со него. Судијата на мечот го запраша тенисерот дали му е потребна медицинска помош, додека публиката јасно го покажа своето незадоволство со многубројни свирежи. Кирјос не се појави ниту на прес-конференција, туку само објави соопштение за јавноста.
„Сакам да се извинам на сите кои го следеа мечот во Шангај и преку ТВ-преносот. Последните 24 часа се мачам со стомачен вирус и мислам дека тоа беше очигледно од првиот поен“, напиша Кирјос.
МАСТЕРС ШАНГАЈ, 1.КОЛО
Рамос (Шпа) – (7) Карењо Буста (Шпа) 7:5/7:5
(11) Андерсон (ЈАф) – Манарино (Фра) 6:3/6:1
(12) Иснер (САД) – Лајовиќ (Срб) 4:6/7:6(5)/7:6(6)
Џонсон (САД) – (13) Кирјос (Авс) 7:6(5) пред.
Долгополов (Укр) – (14) Сок (САД) 4:6/6:1/2:1 пред.
Троицки (Срб) – Шаповалов (Кан) 6:7(3)/6:3/6:0
Шварцман (Арг) – Томпсон (Авс) 6:4/7:6(4)
Штруф (Гер) – М.Зверев (Гер) 3:6/6:5 пред.
Бедене (Бри) – Лоренци (Ита) 6:1/6:4
Р.Херисон (САД) – Зе (Кин) 6:2/6:3