Фудбалерот на Јувентус, Душан Влаховиќ, доби расистички навреди од навивачите на Аталанта. Јувентус, во Бергамо, славеше со 2:0.
Влаховиќ во 65.минута влезе во игра, во 91.минута натпреварот кратко беше прекинат бидејќи навивачите на Аталанта расистички во навредуваа напаѓачот. На навредите тој им одговори со гол во 97.минута.
Поради она што се случуваше во Бергамо, на Влаховиќ му се извини министерот за спорт во италијанската Влада, Андреа Абоди.
„Моето не, нашето не за расизмот. Не може, не смее, не сака да има боја на кожа, не се однесува на религијата или на луѓето, туку секогаш важи. Кој ќе погреши мора да одговара за тоа, секогаш и секаде. Му се извинуваме на Душан Влаховиќ“, рече Абоди.
За разлика од министерот, тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини смета дека немало никаков расизам.
„Расизмот е многу сериозен и треба да се бори против него, но според мене, во овој случај повеќе се работи за безобразлук. Тој е насочен кон поединец. Расизмот е посериозен. Ако зборувате за расизам, потполно грешите. Играчи на Аталанта се Пашалиќ и Џимсити, кои се од тие етнички групи, ги имавме и Иличиќ и Шутало, зошто нив не им скандираа. Го осудувам ова, но внимавајте, навредите како „го..о“ се нешто друго, тоа не е расизам. Мораме да го разликуваме и да се бориме со вистинскиот расизам“, рекол Гасперини.