Top Sport

(Видео) Голчиште на Суарез, Гремио освои бод против Брагантино

Еден од најдобрите напаѓачи во светот, во последната деценија, Луис Суарез, го постигна првиот гол во бразилската Серија А.

Уругваецот, пред неколку месеци го засили Гремио, во четвртата рунда го постигна првиот гол во шампионатото на Бразил.

Гремио одигра 3:3 со Брагантино, а Суарез постигна ефектен гол во 56.минута, кога изедначи на 2:2.

Луис Суарез има 36 години, во кариерата бил играч на Насионал, Гронинген, Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид.

Scroll to Top