Хорхе Меси, таткото и менаџер на Лионел Меси ги демантираше шпекулациите дека неговиот син веќе се договорил за трансфер во Ал-Хилал во Саудиска Арабија, посочувајќи дека за иднината на фудбалерот на Пари Сен-Жермен ќе се одлучува по крајот на сезоната.
Угледната француска новинска агенција „АФП“ во вторникот објави дека Меси веќе се согласил за трансфер во Ал-Хилал, каде што би заработувал рекордна сума за еден фудбалер со договор вреден 363 милиони евра. Договорот на аргентинската легенда со Пари Сен-Жермен завршува на крајот на сезоната, а неодамна клубот го суспендираше, па го врати на тренинзи поради недозволувањето патување токму во Саудиска Арабија, каде што исто така е туристички амбасадор на кралството.
Хорхе Меси ги отфрли шпекулациите велејќи дека се работи за „малициозни“ шпекулации.
„Нема ништо со било кој клуб за следната сезона. Одлуката нема да биде донесена пред Лионел да ја заврши лигата со ПСЖ. Кога ќе дојде крајот на сезоната ќе биде време за анализа, па за одлука. Секогаш има шпекулации и многумина го користат името на Лионел за да добијат внимание, но има една вистина и таа е дека нема договорено ништо. Ниту вербално, ниту потпишано и нема да има до крајот на сезоната. Ова е недостаток на почит од страна на медиумите, од кои дел од нив намерно лажат без докази и сакаат да направат малициозни шпекулации во вести. Тие треба да ги објаснат нивнтие ‘вести’“, вели Меси Сениор.
🚨🔴 Jorge Messi official statement.
“There’s absolutely NOTHING agreed with any club for next season. We will decide at the end of the season”.
“Nothing is signed, agreed or verbally agreed. Only fake news using Leo’s name”. pic.twitter.com/eJQOsBerGp
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 9, 2023