Поранешниот капитен на Арсенал, Гранит Џака веќе им кажал на своите соиграчи дека сака да се врати во Бундеслигата, со Баер Леверкузен како најверојатна опција, тврди „Скај спорт Германија“.
30-годишниот швајцарски фудбалер од средниот ред има уште една сезона од договорот со „топчиите“ и останува клучен играч во тимот на Микел Артета оваа сезона, откако минатото лето исто така беше поврзуван со трансфер во Леверкузен.
Арсенал го донесоа Џака во 2016 година по четири години во Бундеслигата, каде што играше во Борусија Менхенгадбах. Тој беше капитен на Арсенал, но по серија дисциплински прекршоци беше заменет од Мартин Одегард.