Голот на Кевон Де Брујне со кој Манчестер сити остана непоразен во Мадрид, во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите не е регуларен.
Легендарниот Арсен Венгер, во ТВ преносот изрази сомнеж, а 3Д-технологијата потврди дека на почетокот на акцијата, Бернардо Силва има контакт со топката надвор од теренот.
„ВАР требаше да провери дали Бернардо Силва ја контролираше топката надвор од теренот пред голот на Манчестер сити“, рече Венгер.
Во продолжението на акцијата Камавинга ја одзеде топката, но потоа Гундоган го пречече неговото додавање и му асистираше на Де Брујне, кој со прецизен удар од 20 метри го совлада сонародникот Куртоа.
Првиот полуфинален меч на „Сантијаго Бернабеу“ заврши 1:1, реваншот во Манчестер ќе се одигра наредната среда.