Top Sport

(Видео) Обезбедувањето го исфрли таткото на Халанд од „Сантијаго Бернабеу“

Таткото на Ерлинг Халанд нема по добро да се сеќава на синоќешната посета на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. Алф-Инге Халанд, на почетокот на второто полувреме бил исфрлен од стадионот.

Таткото на славниот напаѓач провоцирал во текот на целиот натпревар, а во еден момент почнал да фрла и кикиритки по симпатизерите на Реал Мадрид.

Во неговото друштво имало уште неколку луѓе, шпанските медиуми шпекулираат дека сите биле во алкохолизирана состојба и жестоко се расправале со навивачите на Реал.

На излегување Алф-Инге ги навредувал и исмејувал навивачите на Реал. Додека неколку обезбедувачи го спроведуваа надвор од стадионот, одредени навивачи му викале дека е пе..р. .

Инаку, Реал и Манчестер сити одиграа 1:1. Ерлинг Халанд одигра лош натпревар, бидејќи одлично беше запрен од Антонио Ридигер. Халанд во текот на целиот натпревар имал само 21 допир со топката, осум помалку од голманот на Сити, Едерсон.

Scroll to Top