Кошаркарите на Филаделфија во петтиот натпревар го совладаа Бостон со 115:103 и поведоа со 3-2 во полуфиналето на Источната конференција. Меч топката за пласман во конференциското финале, Сиксреси ќе ја имаат на домашен терен. Последен пат Сиксерси играа во финалето во ерата на Ален Ајверсон во сезоната 2000/2001 година, кога стигнаа и до големото финале и загубија од Лејкерси.
Победничкиот тим го предводеше новиот МВП Џоел Ембиид со 33 поени, Тајрис Макси постигна 30 поени, додека Џејмс Харден забележа дабл-дабл со 17 поени и десет скока.
Кај Селтикси најдобар беше Џејсон Тејтум со 36 поени и десет скока, Џејлен Браун постигна 24 поени, а Маркус Смарт постигна 14 поени.
Селтикси на натпреварот само еднаш водеа (10:8) и потоа до крајот на мечот беа далеку позади своите противници.
Натпреварот број шест е закажан за 12 мај во 1:30 часот.