Дарко Панчев и Дејан Савиќевиќ со Црвена звезда го освоија Купот на европските шампиони, а потоа интернационалните кариери ги започнаа во Милано. Едниот во дресот на Интер, а другиот во дресот на Милан.
Вечерва во Лигата на шампионите ќе се игра „Дерби дела Мадонина“. Милан во првиот полуфинален натпревар ќе му биде домаќин на Интер.
Панчев и Савиќевиќ предност му даваат на Интер.
„Милан е домаќин, но бидејќи игра на ист стадион, што и двете екипи го знаат фантастично, домашниот терен не игра голема предност. Голема работа е што два италијански клуба стигнаа до полуфинале. На почетокот на сезоната веројатно никој не се надеваше на тоа. Интер е во добра форма, има одлични поединци, додека Милан моментално е во мал пад, а згора на се се повреди Леао. Ако не игра, му давам блага предност на Интер“, вели Панчев.
Тој посочува дека вечерва нема да се реши прашањето за финалистот, а кој и да се пласира во финалето има минимални шанси да ја освои титулата.
„Во дерби натпреварите еден може да го реши победникот. Тука дури ни формата на играчите не мора да има пресудна улога. Верувам дека Милан и Интер ќе се борат до крајот на реваншот. Како што кажав, верувам дека Интер ќе помине, но нема да биде убедливо. Пред два месеци зборував за Манчестер Сити дека ја освојат Лигата на шампионите оваа сезона. Сè уште ми изгледа така, бидејќи парите играат важна улога во фудбалот. Тешко дека некој од италијанските гиганти може да им се спротивстави“, заклучува Панчев.
Дејан Савиќевиќ со Милан ја освои својата втора титула европски првак. ,
„Не можев да одам бидејќи имам обврски. И луѓето не сфаќаат колку време е потребно да се одвои за еден натпревар. За нормално да стигнам на време на стадионот, треба да го напуштам хотелот во центарот во седум и пол. Потоа, додека толпата се растури по натпреварот, јас не можам да стигнам до хотелот пред полноќ. И не сум често во Милано, па сите ме канат на кафе, ручек, а јас немам време. Ќе гледам од дома и со сето срце ќе бидам со мојот Милан, иако ми се чини дека Интер моментално е подобар, особено што на Милан веројатно ќе му недостига Леао“, оценува Савиќевиќ.