Жозе Мурињо демантира дека ја прифатил понудата од Париз и дека од наредната сезона ќе го предводи ПСЖ. Клубот од „Паркот на принцовите“, по завршувањето на сезоната ќе го отпушти Кристоф Галтие, кој не ги оправда очекувањата. Клубот и оваа сеозна не успеа да се вклучи во сериозна борба за трофејот во Лигата на шампионите.
Голем број медиуми шпекулира дека Жозе Мурињо ќе биде новиот тренер на ПСЖ. Наводно Португалецот бил незадоволен, бидејќи газдата на Рома, нема во летниот преоден рок да му ги донесе играчите кои ги побарал.
„Ножеби ми ѕвонеа, но не ме најдоа“, им одговори Мурињо на новинарите, на прес конференцијата пред натпреварот со Баер Леверкузен во Лига Европа.
Рома утре од 21 часот ќе ги пречека „фармацевтите“, во првиот полуфинален натпревар. Втората полуфинална двојка ја формираа Јувентус и Севилја.