Славните фудбалери од ерата на Сер Алекс Фергусон ќе добијат шанса да се вратат на „Олд Трафорд“ на значајни позиции доколку катарскиот шеик Џасим Бин Хамад Ал-Тани успее да го купи клубот од семејството Глејзер, тврди „ЕСПН“.
Тој би дозволил ѕвездите од тимот кој ја освои тројната титула во 1999, како и главните играчи од тимот кој ја освои Лигата на шампиони во 2008 да го претставуваат клубот, на сличен начин како го прават Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен и Милан. Во моментов, Јунајтед ги ангажираат Брајан Робсон, Денис Ирвин и Енди Кол во церемонијални „амбасадорски“ улоги и само Дарен Флечер е ексфудбалер кој е во тимот.
Последниот рок за понуди за купување на Јунајтед истече на 28 април со понуди од шеикот Џасим, кој е претседател на Катарската исламска банка (КИБ) и Сер Џим Ретклиф, најбогатиот Британец и сопствееник на „Инеос“.
Семејството Глејзер го купија клубот во мај 2005, и според „ЕСПН“, браќата Џоел и Аврам сакаат да останат со улога во клубот, додека Кевин, Едвард, Брајан и Дарси Глејзер Касевиц планираат да го продадат клубот.